Огнена група – Муса Џафери, Изет Меџити, Невзат Бејта... фракција во ДУИ против Артан Груби

Во последниве две години партиските органи не се активни, одлучувањето стана индивидуална сопственост, не сме веќе добро организирана и структурирана партија... Ова меѓу другото го пишуваат десетина истакнати членови на ДУИ во писмото испратено до Али Ахмети, првиот човек на ДУИ, пренесува ТВ Клан. Членови на оваа т.н. „Огнена група“ меѓу другите се и Муса Џафери, Изет Меџити, Невзат Бејта, Блерим Беџети, Висар Ганиу, Башким Хасани, Ејуп Адеми, Камил Ковачи, Аднан Ејуп...

„Демократската унија за интеграција не е само политичка партија, ДУИ е вредност која 18 години ги чува и унапредува правата на Албанците, отворено семејство со внатрешни консултации, без индивидуални привилегии, со статутарни тела и со континуиран раст на изборното тело. Како таква, партијата дефинитивно треба да ја вратиме таму каде што припаѓа.

Во ДУИ веќе нема дебата и консултација со партиската база. Кадровските решенија се привилегија само на Артан Груби. Речиси две години нема отчет за работата на Владата и политичката програма. Поради нефункционалноста на организираниот живот на ДУИ, констатираме дека има пад на поддршката за партијата (последните избори во Тетово). Арогантното и дилетантско однесување на извршната власт на чело со Артан Груби, предизвика незадоволство, револт и пасивност на структурите и гласачите“, пишува во писмото и се истакнува големиот револт на најзаслужните членови на партијата за нејзините досегашни победи.

Потписниците бараат политичка дебата внатре во партијата за надминување на оваа состојба и одговорност и отчетност од носителите на извршната власт. Тие бараат претседателот на ДУИ, Али Ахмети, да ги искористи своите политички и статутарни овластувања и да најде решение за зачувување на партиското единство, се вели во писмото.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе