Официјална Тирана со честитки за добивањето покана за НАТО

Албанскиот претседател Илир Мета ѝ честиташе на Македонија за добиената покана за почеток на пристапните преговори за членство во НАТО.

Мета поканата ја оцени како понатамошен катализатор за безбедноста во регионот на Западен Балкан.

Преку социјалната мрежа Твитер, Мета напиша дека Самитот на НАТО ја зајакнал суштинската поврзаност на Алијансата преку ангажирачките одлуки за сите земји.

„Самитот на НАТО во Брисел ја зајакна значајната трансатлантска поврзаност преку поангажирачки одлуки за сите. Ја поздравувам добиената покана за  членство на идната Република Северна Македонија, катализатор за поголема безбедност и стабилност во Западен Балкан”, напиша Мета.

Добивањето на поканата ја поздрави и премиерот Еди Рама.

„Високо оценувајќи го договорот постигнат меѓу Атина и Скопје, Албанија го поддржува почетокот на процедурите за што побрзо членство во НАТО на Република Северна Македонија”, напиша Рама на Фејсбук.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе