Одземање на имот и возила од Кочан и „Трансмет“

Во Агенцијата за управување со одземен имот пристигнала правосилна одлука за конфискување на имотот на фирмата „Трансмет“ и на бизнисменот Сеад Кочан, во вредност од 17 милиони евра, од кој голем дел веќе бил заложен кај банки, информира директорот на Агенцијата, Фатон Асани.

Според Асани, за префрлање на одземениот имот на име на Агенцијата изготвени се 26 решенија, при што 23 имоти се чисти, а три се под залог. За 204 возила на Кочан и на „Трансмет“, пак, побарано е од Централен регистар да провери дали се дадени под залог, а како што изјави Асани, има сознанија преку документи дека 24 од нив, кои се со повисока парична вредност, се заложени кај кредитори.

„Неофицијално можам да ви кажам бројки. Изготвени се 26 решенија за префрлање на недвижности, станови, земјиште, деловен простор… од име на ‘Трансмет‘ односно Сеат Кочан на Агенцијата. Од нив три се во залог, а другите 23 се чисти и во соработка со државниот катастар ќе бидат препишани на име на Агенцијата за управување со одземен имот“, рече Асани и додаде дека пресудата е обемна, дека станува збор за имот во вредност од 17 до 18 милиони евра, па затоа треба да се работи внимателно.

 

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе