Одземање на азилот и екстрадиција на Груевски, бара унгарската опозиција

Лидерите на три опозициски партии во унгарскиот Парламент во заедничко писмо ја оценуваат како „срамна“ одлуката на владата на Виктор Орбан да му додели азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски. 

„Неприфатливо е да дознаваме од странските медиуми дека унгарската влада му дала азил на криминалец кој се бара со меѓународна потерница“, пишуваат во заедничкото писмо Берт Алан Тот, претседател на унгарската Социјалистичка партија, Сабо Тимеа, копретседател на партијата Дијалог за Унгарија и Ференц Гурчани, лидер на Демократската коалиција.

Трите опозициски партии му забележуваат на Орбан и за тоа што ангажирал унгарски дипломати да му помогнат на Груевски да избега од Македонија преку неколку балкански земји и што целиот случај властите во Будимпшета го обвиткале со лаги и нетранспарентност.

Унгарската опозиција реагира и поради тоа што властите не дозволиле за случајот на Груевски да се расправа во Парламентот.

Отвореното писмо на унгарската опозиција е испратено до сите важни меѓународни организации и до амбасадите на повеќе земји. Во писмото укажуваат и дека не се согласуваат со политиката на Орбан која, како што се вели, им дозволува на „проруски криминалци како Никола Груевски да се движат слободно, не само меѓу унгарските граѓани, туку и во цела ЕУ“.

Трите партии на крајот од отвореното писмо повикуваат да му биде повлечен азилот на Груевски и тој најитно да ја напушти Унгарија односно да биде екстрадиран.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе