МВР и Јавното обвинителство предупредуваат

Одобрувањето воено злосторствo e кривично дело и кога е тоа сторено преку социјалните мрежи

Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи соопштија дека интензивно ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина и ќе преземат кривичен прогон против сите лица кои со своите објави и јавно изнесени ставови одобруваат или оправдуваат воени злосторства, геноцид и злосторства против човечноста. МВР и Обвинителство апелираат до граѓаните кои ќе забележат вакви случаи да ги пријавуваат на меилот [email protected].

Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик, се вели во соопштението и се додава дека законот предвидува дека „тој што по пат на информационен систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува ваквите дела ќе се казни со затвор од една до пет години“.

Ако делото е сторено со намера за поттикнување омраза, дискриминација или насилство против некое лице или група на лица поради нивната национална, етничка или расна припадност или верска определба, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години.

Во членот 404 од Кривичниот законик, пак, прецизно е наведено што опфаќа поимот воено злосторство против цивилно население.

„Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи интензивно ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина и согласно своите законски надлежности ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе го сторат наведеното кривично дело“, се предупредува преку соопштението.

МВР и Јавното обвинителство апелираат и до граѓаните кои ќе забележат вакви случаи да ги пријавуваат на меилот [email protected] за соодветно постапување.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе