Поради немање кворум

Одложена расправата за поништување на лустрацијата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ останаа во собранискиот хол

Денеска по вторпат е одложен почетокот на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на која пратениците треба да расправаат за потребата за носење на законот за поништување на лустрацијата. Овој пат одлагањето е за еден час поради немање кворум, бидејќи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа во салата каде требаше да се одржи седницата, туку во собранискиот хол.

Претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски го одложи почетокот на Комисијата и ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да дојдат на следното продолжение. Тој најави и изјава за медиумите.

Иако седницата на Комисијата на чиј дневен ред е за Предлог-законот за поништување на лустрацијата не започна, пратеници на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ веќе одржаа прес-конференции на кои ги соопштија партиските ставови.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нема да го поддржи Предлог-законот, додека СДСМ го критикуваше ваквиот став потенцирајќи дека опозициската партија „ја злоупотреби лустрацијата за политички, партиски, па дури и лични цели“.

Фото: МИА

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе