За Денот на независноста

Оддадена почит на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев по повод Денот на независноста оддаде почит со положување цвеќе на вечните почивалишта на починатите претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски.

Заев на положувањето цвеќе на Градските гробишта во Бутел, беше придружуван од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, Љупчо Николовски, вицепремиер задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Мила Царовска, министерка за образование и наука и Јагода Шахпаска министерка за труд и социјална политика.

Венци со цвеќе положија и официјалните делегации на Претседателот на државата, на Собранието, на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, Сојузот на борци, претставници на политичките партии, дипломатскиот кор и на Град Скопје.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе