Oдбележани 30 години германско-македонска соработка

Триeсет години германско-македонска соработка, учење едни од други, градење мостови меѓу нашите земји и нивните луѓе. Многубројните проекти се доказ за оваа соработка. Целта беше и целта е земјата да се движи напред на својот пат кон целосна евроатлантска интеграција, да има одржлив развој за подобар живот на луѓето во хармонија со природата и животната средина, истакна амбасадорката на Германија Анке Холштајн во обраќањето на прославата по повод три децении соработка меѓу Германија и Македонија што се одржa попладнево кај Школка во Градскиот парк.

Проектите, како што посочи, се спроведени од различни германски учесници вклучително и од амбасадата во најтесна координација и соработка со партнери во Македонија.

„Седум од германските учесници се присутни денеска за да можете подобро да ги запознаете. ГЕТЕ институт се залага за културна размена – преку музиката, филмот и уметноста, и се разбира за работата со нашиот тежок германски јазик. Германската служба за академска размена се грижи за размена во областа на образованието и студиските програми. Делегацијата на германското стопанство ги поддржува германските фирми во Северна Македонија и македонските фирми кои се активни или сакаат да бидат активни во Германија и одржува широка мрежа. Нашите политички фондации „Корад Аденауер“ и „Фридрих Еберт“ се грижат за политичкото образование и почитување на демократијата“, рече Холштајн.

Кредитната банка за обнова КфВ, додаде германската амбасадорка, поддржува финансиски проекти за одржлив развој пред се во областа на животната средина и енергијата. Друштвото за меѓународна соработка ГИЗ, пак, поддржува, планира и финансира разни проекти ориентирани кон иднината. ГИЗ ја спроведува Програмата за супер училишта во регионот кои на учениците од регионот им овозможува да се сретнат, да ги разбијат предрасудите и да создаваат пријателства и соживот во регионот, кажа Холштајн.

Одбележувањето на „30 години германско-македонска соработка“ што го организира Амбасадата на Германија е придружено со културна програма и забавни активности во Градскиот парк во Скопје.

 

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе