Прес на директорот на ДЗС

Од утре почнува кампања за заштита од пожари, најави Џафероски

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од 15 јули до 15 август годинава на целата територија на државата ќе спроведува кампања за заштита од пожари. Ќе се едуцира населението за намалување на заканите од пожари со помош на едукативен прирачник и постери со чекори за заштита во случај на шумски пожари, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски.

„Кампањата ќе вклучува делење на прирачникот за намалување на заканите од пожари, како и поставување едукативни постери на централни локации во Град Скопје и на фреквенти места, на наплатните станици, на влез на националните паркови, на граничните премини, во сите градови низ државата каде ќе бидат вклучени и сите 35 подрачни единици на Дирекцијата за заштита и спасување, на излетничките места и места близу шумите”, рече Џафероски на прес-конференција. 

Тој додаде дека кампањата секојдневно ќе се промовира на социјалните, ТВ и радио медиуми.

Во рамки на кампањата, на 20 јули годинава во 18 часот на манифестацијата „Самерленд” во Градскиот парк во Скопје Дирекцијата за заштита и спасување ќе има свој штанд со едукативни материјали.

„Целта на оваа кампања не е само да се делува превентивно, туку и едукативно, преку поттикнување на свеста на населението за сите можни ризици што ги носат пожарите како катастрофа. Бидејќи влегуваме во т.н. критичен период во година за појава на пожари на отворен простор, поддршка за оваа кампања добивме и од ЕВН АД Скопје”, рече Џафероски.

Тој потсети дека во соработка со МВР и со МЗШВ преземени се одредени превентивни мерки уште од март годинава кога е донесена забраната за движење во шуми и шумско земјиште, освен за вработените на ЈП „Национални шуми” и други субјекти што управуваат со заштитените подрачја од сите категории. Оваа забрана ќе биде во сила се до нејзино отповикување.

Тимот на ДЗС работи на изготвување на семеен прирачник што ќе биде промовиран на есен.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе