Од четврток полициски час од 00 до 4 часот

Од утре може да работат и теретаните и фитнес центрите, Владата ги олесни мерките

Владата донесе одлука според која од четврток, 13 мај, полицискиот час ќе почнува од полноќ и ќе трае до 4 часот наутро наредниот ден, а од утре се отвораат вежбалните, теретаните и фитнес центрите, додека угостителските објекти ќе може да работат до 23.30 часот. Полициски час единствено нема да има утре спроти задутре поради верскиот празник.

Владата денеска донесе одлука, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз од 13 мај да започнува од 24.00 часот до 4.00 часот наутро наредниот ден.

„Дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект – само летни тераси, градини, а не во затворениот дел, е до 23:30 часот, почнувајќи од 12 мај 2021 година", објави Владата на својот фејсбук-профил.

Според одлуката, од утре сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30 проценти од капацитетот на затворениот простор.

Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, почнувајќи од утре.

Согласно претходна одлука на Владата, утревечер нема полициски час, се вели во соопштението за јавноста.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе