Главен координативен ковид-19 кризен штаб

Од утре без маски на отворено, публика на натпревари, свадби со 100 гости, администрацијата се враќа на работа

Главниот координативен кризен штаб на Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките, почнувајќи од 1 јуни 2021 година, што значи од утре престанува да важи мерката за носење маски на отворено, на спортските натпревари ќе има публика, а прослави ќе се организираат на отворено со најмногу 100 гости. Полицискиот час останува да важи до 15 јуни.

Поради поволната моментална  епидемиолошка состојба со ковид-19 во државата, која се карактеризира со намалување на 14-дневна инциденца (бројот на новонастанати случаи) на позитивни случаи, намалување на позитивни тестови за ковид-19 во однос на вкупен број тестирани лица, намалување на бројот на активни случаи и бројот на хоспитализации, по препорака на Комисијата за заразни болести, на состанокот на Главниот координативен штаб се донесени следните предлог-препораки за олабавување на мерките, почнувајќи од 1 јуни 2021 година:

1. Укинување на мерката носење на заштитна маска на отворено со препорака за носење на маска кога лицата се во поголема група. Останува да важи мерката за задолжително носење на заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.

2. Да се дозволи присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30 проценти од вкупниот капацитет на посетители, со задолжително почитување на растојание помеѓу посетителите од 1,5- 2 м (три седишта) и со доследно применување на мерките за заштита од ковид-19.

3. Се укинува мерката за забрана за групирање на јавен простор на не повеќе од 4 лица.

4. Да се дозволи организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата. Присуство на музичари е дозволено само при организирање на свадби, а согласно соодветен протокол.

5. Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од четири лица на шест лица со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата на масата.

6. Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина, член 3 т.14 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест ковид-19 предизвикана од вирусот САРС-КоВ-2,случаите и временскиот период на нивна примена („Сл.В.РСМ“ бр.263/20).

7. Продолжува да важи мерката за полициски час до 15.06.2021 година.

 

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе