Кривичен суд

Од петкратното убиство до моето апсење имав контакт со Ахмети, Меџити и Бејта, откри во судница обвинетиот Азири

Повеќе од три часа трае одбраната на обвинетиот Фејзи Азири, обвинет за петкратното убиство во случајот Монструм. Во својата одбрана, одговарајќи на прашањата на обвинителката Фатиме Фетаи, Фејзи откри дека од 12 април 2015 година кога се случи петкратното убиство до 1 мај кога бил уапсен контактирал со Али Ахмети, со кој, како што рече, се видел лично и со Изет Меџити и Невзат Бејта од ДУИ за кој кажа дека зборел по телефон.

Обвинетиот Азири рече дека со Ахмети се гледал кога бил во партијата и зборувал на теми поврзани со партијата, а со Бејта и со Меџити зборувал за теми поврзани со сточарство.

На ова во судница жестоко реагираше Горан Наќески, татко на убиениот Александар, кој стана и рече - „Фејзи Азири сокри тројца функционери на ДУИ. Тој кажа двајца, а кои се останатите тројца кои се чуваат како државна тајна“.

За да ја смири тензијата во судницата, судијата рече дека во текот на постапката обвинетиот ќе биде прашан и за тоа и дека судот ќе одговори и на ова прашање, согласно доказите во постапката.

Во своето долго изалгање пред судот Фејзи зборуваше само за три дена кои ги опиша до детали. Зборуваше за ден од 2009 кога на фармата во Белимбегово бил нападнат од 20-ина вооружени лица, за денот на петкратното убиство и за денот кога бил уапсен.

Азири пред судот до детали раскажа како бил облечен, дали носел одело или фармерки, со кого зборувал, со кого контактирал телефонски и други детали сѐ до неговото враќање дома и неговото заспивање. За петкратното убиство рече дека обвинителството го поврзало, бидејќи, како што кажа, кај Смилковското Езеро била најдена чаура која одговара со чаура од испукано оружје од претходниот настан од 2009 година во Белимбегово.

Откако детално го ислуша, обвинителката Фетаи му рече дека има супер меморија, па побара од него да се сети кој му бил најзначајниот ден во неговиот живот и да го раскаже пред судот од станување до легнување.

На ова Азири одговори дека за лоша работа се сеќава на денот кога го уапсиле, а за убав настан кога во 1995 година бил на море во Турција. Адвокатот Насер Рауфи, бранител на Незири, пред судот рече дека неговито клиент зборува до детали за важни денови бидејќи постојат моменти, средби и телефонски разговори кои го враќале назад и го терале да се сеќава на тие денови.

Одговоарајќи на прашањето на Фетаи, Азири се присети и дека откако по него беше распишана потернициа и тој беше вратен во штипскиот затвор каде издржува казна за друго кривично дело, од затворот зборувал и разменувал пораки со политичари. Азири појасни дека неговите контакти со влијателни политичари не биле за случајот Монструм, туку во врска со неговото лекување и неговата сегашна здравствена состојба. И Азири во својот исказ откри дека пред, како што рече, десетина или дваесетина дена од штипскиот затвор неколкупати се чул со бегалецот Алил Демири, по кого е распишана потерница.

Претходно во својот исказ и обвинетиот Агим Исмаиловиќ пред судот рече дека контактирал и со Демири и со неговито брат Африм Исмаиловиќ по кого исто така е распишана потерница.

 

К.Д.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе