АЕК

Од летово намалување на цените во роаминг со Грција

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) до грчките колеги достави предлог и динамика за најавеното намалување на цените во роаминг  што, според меморандумот што го потпишаа двете држави, треба да стартува од летната сезона. Првата година по влегување во сила на меморандумот, според предлогот, цените за пренос на податоци во малопродажба би се намалиле за 93 проценти, на појдовни повици во малопродажба за 77 проценти, а кај СМС за 69 проценти.

Од АЕК за МИА изјавија дека од наша страна сме подготвени првичното поевтинување на услугите да почне од 1 јули годинава. Чекаат известување од грчкиот регулатор за електронски комуникации кога од нивна страна ќе бидат завршени националните процедури и ќе се исполнат предусловите за да може да се реализира најавата од потпишувањето на меморандумот на 19 февруари годинава од ресорните министри Никос Папас и Дамјан Манчевски.

Според предлогот на АЕК,  првата година по влегување во сила на меморандумот  цените за пренос на податоци во малопродажба би се намалиле за 93 проценти.  Конкретно, од 1 јули малопродажната цена за MB ќе изнесува 0,70 евра, една година подоцна 0,45 евра, а од јули 2021 година  0,20 евра. Процентуалното намалување на цената за појдовни повици во малопродажба, пак, во првата година би било 77 проценти. Појдовен повик од 1 јули треба да чини 0, 29 евра, во јули следната година  да се намали на 0, 24 евра, а во јули 2021 година 0,19 евра.  Цената на испратени СМС пораки од јули годинава би чинела 0,09 евра, а 0,08 евра, односно 0,06 евра од 2020 односно 2021 година, а за добиените пораки ќе бидат бесплатни. Кај пораките по првата година цените би се намалиле за 69 проценти.

Формирано координативно тело, се чека да завршат процедурите од грчката страна

Со Меморандумот се предвидува за негова примена да бидат одговорни националните регулаторни тела од двете држави (Агенцијата за електронски комуникации и Hellenic Telecommunications and Post Commission), а намалувањето на цените на роаминг услугите да биде со динамика и до ниво исто како цените на роаминг услугите дефинирани во Регулативата за роаминг услуги на европско ниво бр. 531/2012.

„Двете регулаторни тела веќе воспоставија комуникација и го формираа координативното тело од двете институции кое што ќе работи на реализација и имплементација на одредбите од Меморандумот. Земајќи ги во предвид сите околности Агенцијата ги извести колегите од регулаторот за електронски комуникации во Грција дека од наша страна можеме да започнеме со првично намалување на цените на роаминг услугите започнувајќи од  јули 2019 година. Притоа Агенцијата ги зема во предвид минималните рокови пропишани со Законот за електронски комуникации за јавна расправа од 30 дена на Одлуката која што треба да ја донесе Агенцијата за намалување на цените на роаминг услугите, како и времето неопходно за да се направат измени на Законот за електронски комуникации со цел да се даде надлежност на Агенцијата да донесе ваква Одлука“, велат од АЕК.

На нивниот предлог и динамика за примена на меморандумот, колегите од регулаторот во Грција ги известиле дека меморандумот сѐ уште не е влезен во сила и оти сѐ уште од нивна страна не се завршени сите национални процедури за да може да стартува примената. Им најавиле дека ќе ги известат најбрзо што може откако ќе се создадат неопходните предуслови.

„Согласно член 10 од Меморандумот, тој ќе влезе во сила откако двете страни по дипломатски канали ќе известат помеѓу себе дека се завршени сите национални процедури за Меморандумот да може да влезе во сила. Имајќи во предвид дека наметнувањето на обврските на операторите за намалување на малопродажните и големопродажните цени за роаминг услуги во двете земји мора да бидат засновани на реципрочна основа и истите треба да бидат временски синхронизирани, понатамошните активности на Агенцијата ќе бидат усогласени со динамиката на создавањето на неопходните услови за имплементација на Меморандумот во Грција“, појаснуваат од АЕК за МИА.

Роамингот во регионот од јули  ќе поевтини за 50 до 70 проценти

Согласно со Спогодбата  за укинување на роамингот во западен Балкан, потпишана помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово, од 1 јули годинава до јуни 2021 кога цените за роаминг услугите ќе исчезнат, се воведува преоден или транзитен период во кој операторите за роаминг услугите ќе може да наплаќаат само одреден дополнителен надомест на националните електронски комуникациски малопродажни цени.

Тој дополнителен надомест не може да биде поголем од околу три денари (0,05 евра) за роаминг појдовни повици. Додека пак малопродажната цена за влезните роаминг повици ќе биде околу 2,5 денари во првата година започнувајќи од 1 јули годинава, односно околу 1,5 денари во втората година започнувајќи од 1 јули 2020 година. Слични намалувања на роаминг услугите се очекува и за СМС пораките, со тоа што излезните СМС пораки нема да бидат поскапи од 3,7 денари, додека влезните СМС пораки ќе бидат бесплатни.

Ваквата спогодба ќе придонесе до намалување на цените за роаминг повици во просек од 50 до 70  проценти уште во првата година од нејзиното имплементирање споредено со сегашните цени на регулираните малопродажни роаминг повици со четирите земји потписнички на Спогодбата за намалување на роаминг услуги од септември 2014 во Будва.

Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план.

повеќе

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе