Според амбасадорката на Германија

Од февруари до термин за поднесување барање за германска виза преку лотарија, најави Холштајн

Од февруари идната година термини за поднесување барања за германска виза ќе се добиваат преку лотарија, постапка која што ќе се спроведува секој месец, најави амбасадорката на Германија во земјава, Анке Холштајн.

„Во септември 2021 година на ова место Ви ветив дека имаме намера да го подобриме нашиот систем на доделување термини за таканаречените визи за Западен Балкан. Драго ми е што денес може да Ве информирам за првиот успех.

Поради Вашите многубројни реакции и сè уште многу големиот интерес за термини за поднесување на барање за виза, од февруари 2022 г. секој месец ќе се применува постапка на лотарија. За таа намена, во февруари за првпат ќе се отвори нов список за регистрирање, кој ќе биде неприкинато отворен за подолг период (најверојатно за околу две недели). Потоа, по случаен избор, со помош на компјутерски управуван генератор во лотариска постапка, од сите регистрации ќе се извлечат оние, на кои ќе им се додели термин за месец март 2022 година“, објави Холштајн на официјалната страница на германската амбасада на Фејсбук.

Поопширни информации за постапката има на веб страницата на Амбасадата на Германија во Скопје.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе