Од денеска во Грција без ПЛФ формулар

Електронскиот формулар ПЛФ (Passenger Locator Form) што досега беше неопходен за патување и влез во Грција, од денеска и официјално се укинува, а остануваат во сила актуелните правила за задолжителен документ за ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Сите посетители на Грција, независно од националноста и начинот на влез во земјата, повеќе нема да биде потребно да го пополнуваат формуларот што веќе  20 месеци беше задолжителен документ, а важеше и за државјаните на Македонија кои патуваа кај јужниот сосед.

Министерот за туризам на Грција Василис Кикиљас пред десет дена соопшти дека „по препорака од Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство, од 15 март 2022 година се укинува пополнувањето на ПЛФ формуларот за сите посетители од сите земји за влез во Грција“ и додаде дека укинувањето го олеснува процесот за влез на туристи и акцентот ќе биде на контролата на сертификатите.

Измените се вклучени и во последната министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на ковид-19“ што е во сила до 21 март предвидува дека „сите патници во Грција, без разлика на националноста и начинот на влез во земјата до 14 март го пополнуваат електронскиот формулар ПЛФ“.

Со упатства за патниците кои авионски пристигнуваат во Грција излезе и Службата за цивилно воздухопловство на Грција, потсетувајќи дека од денеска стапува во сила одлуката за укинување на ПЛФ што важи за сите летови од странство.

Паралелно, останатите правила за патување во Грција, остануваат непроменети, па така, задолжителен е европски сертификат за вакцинација (со важност од девет месеци по втората доза или неограничено во случај на примена бустер доза) или европска потврда за прележан ковид-19 (180 дена по првиот позитивен резултат) или негативен тест од ПЦР/рапид тест.

Задолжителното пополнување на PLF формуларот, Грција го воведе на 1 јули 2020 година кога по првиот бран на ковид-19 и првиот карантин, постепено почна да ги отвора границите за странски државјани

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе