Mинистерство за туризам на Грција

Од денеска влез во Грција со потврда за вакцинација, негативен ПЦР тест или потврда за антитела

Границата меѓу Македонија и Грција од денеска е веќе отворена. Летната сезона во Грција и официјално почнува  од утре (15 мај). Министерството за туризам на Грција ги објави најновите информации за влез на туристите во нивната земја. Се очекува наскоро да се зголеми и возрасната граница за деца кои без тест ќе можат да влезат во Грција, од 5 на 10 години.

За влез во Грција, посетителите треба да имаат: пополнет формулар за ПЦР најмалку 24 часа пред да влезете во Грција, потврда за вакцинација со која било вакцина или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или серолошки тест, т.е. потврда за антитела дека сте го порележале вирусот или дигитален зелен сертификат (GreenPass) од 1 јуни 2021 година.

Засега, за деца постари од 5 години потребен е негативен тест, додека деца помали од 5 години не мора.

Грција може да спроведе и случајни брзи тестови при влегување во нивната земја, кои ќе бидат бесплатни за туристите. Резултатите од овие тестови ќе бидат готови по околу 10 минути. Оние што ќе бидат тестирани се должни да бидат во изолација додека не се добијат резултатите од тестот. Ако резултатот од тестот е негативен, изолацијата престанува, а ако е позитивна, домашниот карантин се одредува 14 дена.

Секое возрасно лице 24 часа пред да влезе во Грција треба да пополни посебен ПЛФ образец (The Passenger Locator Form). Овој формулар треба да го пополнат сите кои сакаат да ја посетат и престојуваат во Грција без разлика на видот на превозот (автомобил, автобус, брод, авион) и државјанство. За пополнување на формуларот потребни се пасошите и сообраќајната дозвола.

По пополнување на формуларот на мејл се добива т.н. кју-ер код (QR) што треба да се отпечати или да се покаже на мобилен телефон при влез во Грција.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе