МНР

Oд Авганистан се евакуирани поголемиот дел од македонските државјани

Повеќето од евидентираните македонски државјани во Авганистан, со воени авиони се евакуирани од Кабул, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Педесетина граѓани на Македонија во текот на ноќта и изутрината се префрлени од Кабул во Доха и во Абу Даби, а утрово уште 19 наши граѓани се на пат за Доха. Сите потоа со редовни цивилни летови преку Катар и Лондон треба да се вратат во земјава.

„Според последните информации на терминалите на аеродромот во Кабул веќе нема наши граѓани кои чекаат да бидат евакуирани. Во НАТО базата во Кабул која се наоѓа буквално залепена до аеродромот се наоѓаат уште 14 наши државјани, 11 од нив наскоро треба да бидат ставени во планот за евакуација, а само уште тројца наши граѓани по нивно барање остануваат да ги  вршат своите обврски во базата и ќе бидат евакуирани заедно со војската од базата. Во сите овие места и градови каде се упатуваат нашите граѓани активирана е дипломатската мрежа со цел да се асистира ако се појават некои предизвици на нивниот пат кон дома“, рече Османи.

Тој додаде дека МНР продолжува и понатаму да ги следи состојбите на терен, и очекуваат дека сите наши граѓани ќе бидат извлечени и безбедно ќе се вратат дома. Сепак остануваме подготвени за секакво сценарио со отворени алтернативни можности од нашите пријателски земји за евентуална вонредна евакуација на нашите граѓани.

На новинарско прашање за тоа кога се очекува нашите граѓани кои се враќаат од Авганистан да пристигнат во земјава, додаде дека тоа зависи од распоредот на нивните летови, а дали ќе има потреба од карантин, вели, тоа ќе зависи од нивниот вакцинален статус и други епидемиолошки карактеристики. Информира дека од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство во Владата е формирано Координативно тело во кое се вклучени и министри кои покриваат прашања од овој домен и кое ќе одлучува согласно ситуацијата.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе