Лидерите на политичките партии се договорија

Од 3 јануари 2020 година нов технички премиер и нова техничка влада

На 3 јануари 2020 ќе треба да почне да работи новата техничка, т.н. „пржинска влада" чија задача ќе биде спроведување на договорените предвремени парламентарни избори. Вечерва на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски лидерите на најголемите политички партии во земјава се договорија на 12 април 2020 година да се одржат предвремени парламентарни избори. Ова е резултатот по неуспехот на Македонија да добие датум за преговори за членство во ЕУ, откако Франција гласаше против. 

Ова всушност значи дека од 3 јануари ќе имаме нов, технички премиер од владеачката коалиција. Веќе се калкулира со името на Оливер Спасовски, кој ако биде предложен од коалицијата на СДСМ и ДУИ, ќе треба како прв човек на новата „пржинска“ влада да ги организира изборите закажани 12 април догодина.

Нов министер за внатрешни работи ќе биде именуван по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, во консултација со владеачката коалиција.

Опозицијата ќе треба да предложи и нов технички министер за труд и социјална политика. Оваа „пржинска влада“ предвидува и дополнителни заменици министри за внатрешни работи и на труд и социјална политика предложени од владејачката коалиција.

Опозицијата ќе има дополнителни заменици министри за финансии, за земјоделство и за информатичко општество.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе