Центар за граѓански комуникации

Oд 220 противпожарни возила, 70 отсто се од минатиот век

Противпожарните единици во Македонија располагаат со само 220 возила, заедно со цистерните, возилата за гасење пожар и сите други возила на противпожарните екипи. Просечната старост на овие возила е 27 години, а дури 154 од 220-те возила (70%) се произведени во минатиот век. Ова го покажува базата на податоци за возилата на сите 30 територијални противпожарни единици во земјава на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Според Центарот за граѓански комуникации, лани министерствата и општините на располагање имале 2.645 патнички возила, што значи дека на секое 12-то патничко возило доаѓа по едно специјално противпожарно возило. Кај патничките возила има обратна ситуација, односно само 29% се од минатиот век, а 71% се купени во новиот милениум. Патничките возила се со просечна старост од 12,5 години. 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе