Од 17 август нов протокол за влез во Грција на граничниот премин „Евзони“

Министерството за внатрешни  работи информира дека до граничната служба на граничниот премин „Богородица“, од страна на грчката гранична служба од граничниот премин „Евзони“ се добиени дополнителни информации за новиот протокол за влез во Грција на граничниот премин „Евзони“.

Почнувајќи од понеделник 17 август до понеделник 31 август на граничниот премин „Евзони“, само во периодот од 06.00 до 22.00 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само државјани на Република Грција, државјани на трети земји кои имаат регулиран престој во Грција, ЕУЛЕКС-дипломатски персонал и членови од нивните семејства, лица кои патуваат од медицински и бизнис причини, а кои претходно биле најавени и добиле одобрување за патување од Aмбасадата на Република Грција во странство, како и возачи на товарни возила. Сите овие лица за да остварат влез во Грција на преминот „Евзони“ потребно е да приложат негативен ПЦР тест за ковид-19 од сертифицирана лабораторија на англиски јазик, не постар од 72 часа.

Исто така, останува обврската за претходна електронска најава и добивање на ПЛФ документ (Passenger Locator Form).

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе