Телефонски разговор Заев-Брнабиќ

Од 14 јануари влез во Србија без задолжителен ПЦР тест

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во телефонски разговор го информирала премиерот Зоран Заев дека од 14 јануари Србија го укинува задолжителниот ПЦР тест за влез во земјата за македонски граѓани, соопшти владината прес-служба.

„Премиерот Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ при што беа изразени желби и интерес за уште подлабока соработка меѓу владите и народите на двете земји во новата година.

Премиерката Брнабиќ го информираше премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји“, се вели во соопштението.

Денеска министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ-Бојовиќ, пак, информираше дека била донесена одлука влезот во Црна Гора да биде без задолжително тестирање на коронавирус.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе