Обвинителството за обвинувањата на Мицкоски за група која ги краде граѓаните: Постапуваме неколку месеци

„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на орагнизиран криминал и корупција веќе неколку месеци постапува по предмет што е во предистражна постапка и за кој во моментов не можат да се споделат детали“, ни одговорија од обвинителството за наводната организирана група која лесно ги крадела граѓаните, односно го оштетила Буџетот, а според информации на ВМРО-ДПМНЕ се работи за сума од  околу 20-30 милиони евра. 

„Во врска со првото прашање надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на орагнизиран криминал и корупција веќе неколку месеци постапува по предмет што е во предистражна постапка и за кој во моментов не можат да се споделат детали“, стои во одговорот до МКД.мк од Обвинителството. 

„Постои организирана група која лесно ги крадела граѓаните, односно го оштетила Буџетот, според наши информации некаде околу 20-30 милиони евра. За ова постојат дури и докази дека лица вработени во Управата за јавни приходи се повикувани во Министерството за внатрешни работи да дадат свој исказ“, изјави вчера Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа е многу важно дали МВР ќе излезе со детали, и ќе го спроведува законот заедно со Обвинителството за организиран криминал или тоа ние ќе го направиме, ќе обелодениме детали со имиња и со точни фирми кои се дел од оваа, би рекол злосторничка дружина", рече Мицкоски.

Тој додаде дека во аферата се вплеткани високи функционери на СДСМ и ДУИ.

Во денешното соопшрение на СДСМ се вели дека е очајна тактиката на ВМРО-ДПМНЕ кои што дознале за истрага која ја иницирала УЈП па се мачат да ја претстават како афера. 

„Очајна е тактиката на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, дознале информации за актуелна истрага за незаконитости кои ги открила УЈП и со шпекулации се мачат да ја претстават како афера.

Нема афера туку утврдено незаконско работење кое УЈП го откила уште во јуни 2021 година и сите документи, докази и материјали се доставени до надлежни институции. Предметот е веќе во предистражна постапка.

ВМРО-ДПМНЕ на овој начин прави штета на самата постапка и се обидува да го поткопа функционирањето на институциите. Но, и тоа нема да успее“, се вели во реакцијата на СДСМ. 

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе