Одговор на пратенички прашања

Обвинителот Јовески: Одговорно тврдам, не сум под ничие влијание

„Јас на кое влијание припаѓам? На ниедно. Припаѓам на професионалност. Можете сите обвинители во Републикава да ги прашате дека од првиот ден од моето именување се залагам и ја бранам самостојноста на јавните обвинителства. Јас одговорно ви тврдам дека обвинителите не се под ничие влијание“, рече главниот државен обвинител Љубомир Јовески како одговор на повеќе пратенички прашања во Собранието на Македонија, поврзани со повеќе случаи на обвинителствата за истраги и обвиненија за криминал.

Политиката и работењето на Обвинителството е тоа целосно да биде самостојно и политичарите и други центри на моќ да ги тргнат рацете од Обвинителството, рече Јовески.

„Обвинителството ако навистина не е самостојно, нема да ги презема овие кривични дела и да ги истражува. Јас на кое влијание припаѓам? На ниедно. Припаѓам на професионалност. Можете сите обвинители во Републикава да ги прашате дека од првиот ден од моето именување се залагам и ја бранам самостојноста на јавните обвинителства. Јас одговорно ви тврдам дека обвинителите не се под ничие влијание. Се разбира, станува збор и за интегритетот на јавните обвинители, секој од нас има посебен интегритет. Но, политиката, работењето на Обвинителството е тоа целосно да биде самостојно и политичарите и други центри на моќ да ги тргнат рацете од Обвинителството“, нагласи Јовески.

Во врска со конфискацијата на имотот и поднесената кривична пријава против тројцата јавни обвинители, тој информира дека во овој предмет Обвинителството има кривични пријави и против други лица – физички лица и други правни лица.

„Оваа постапка е здружена во една постапка во која Обвинителството утврдува дали кај одредени субјекти кои биле надлежни за извршување на мерката конфискација, има определени прекршувања, има определени елементи на кривично дело“, соопшти Јовески.

Тој потсети дека кривичната пријава сама по себе не значи ништо.

„Задача е на Обвинителството сите факти и околности што се наведени во кривичната пријава да ги провери и за тоа да обезбеди докази“, рече меѓу другото обвинителот Јовески.

Во врска со истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница обвинителот рече дека му е жал што големата трагедија во болницата во Тетово се користи за политички цели.

„При крај е овој дел од постапката и деновиве, за брзо време, очекувам Обвинителството во Тетово да донесе одлука во врска со овој настан“, рече Јовески.

Одговорајќи на пратеничко прашање на собраниска седница, Јовески напомена дека Обвинителството од почеток пристапи одговорно кон овој случај.

„Доколку ние како што беше поставено во пратеничкото прашање сакавме да го забошотуваме овој случај и да не го истражуваме, немаше уште вечерта на помош на јавните обвинители од ОЈО во Тетово да им ги ставиме на располагање двајцата дежурни јавни обвинители од ОЈО во Скопје и на Обвинителството во Тетово му ги ставиме на располагање сите ресурси со кои располага Обвинителството“, истакна Јовески.

Според него, доволна проценка дека Обвинителството постапува објективно во овој случај треба да биде и фактот дека Обвинителството побара меѓународна правна помош од германски експерти за да извршат вештачење на конкретниот настан.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе