„Сметав дека треба да се кажат работите и веднаш да се делува и сите луѓе кои се по линија на хиерархија беа известени. Во истиот момент тие беа значајни и се одеше кон тоа преку известувањето да побара обвинителот притвор. Сметам дека мора да се бара и утврдува одговорност во сите институции и не го амнестирам МВР од тоа, но јас не гледам дека има таква причина. Уште во петокот еден од обвинителите ја споделил со член на Владата непотврдената информација дека е можно Мијалков да побегне, но ова треба и официјално да се потврди", вели Спасовски.
Министерот за внатрешни работи посочи дека има двојни аршини во постапување, а како пример за тоа го наведе барање за притвор во случајот „Монструм“ уште во текот на доказната постапка.
„На крајот на ноември се бараше притвор за „Монструм" уште во тек на судската постапка, а овде во завршна фаза пред пресудата за „Таргет-Тврдина" не се бараше притвор. Моите информации говорат дека двајцата обвинители претходно се консултирале за да побараат притвор, но тоа се само мои информации и треба да се проверат. Обвинителите се консултирале со нивни претпоставени за барањето за притвор за Мијалков", додава Спасовски.