мисија

ОБСЕ/ОДИХР со 336 набљудувачи ќе ги следи локалните избори

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР го започна процесот на набљудување на локалните избори, во кое ќе бидат вклучени 16 експерти, 20 долгорочни и 300 краткорочни набљудувачи. 

Шефицата на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, амбасадорката Одри Гловер, денеска на прес-конференција соопшти дека 16 експерти на ОБСЕ/ОДИХР се веќе во земјава, а ним оваа недела ќе им се придружат уште 20 долгорочни набљудувачи, кои ќе бидат распоредени низ целата земја, во тимови по двајца, почнувајќи од 18 септември.

„Непосредно пред изборите ќе ни се придужат и уште 300 краткорочни набљудувачи кои ќе бидат брифирани во Скопје и распоредени штиум земјата за да ги посетуваат избирачките места на самиот ден на изборите и да го набљудуваат гласањето. Тука сме да ги набљудуваме изборите“, изјави Гловер.

Набљудувачите, според неа, ќе го следат известувањето на медиумите, финансирањето на кампањите, работата на изборната администрација и на владините институции, изборната регулатива, нејзиното спроведување и решавањето на изборните спорови.

Фото: МИА

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе