СООПШТЕНИЕ

ОБСЕ: Прислушувањето на македонските новинари е неприфатливо, потребна е брза истрага

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, денеска повика на брза истрага за прислушувањето на македонските новинари.

„Прислушувањето и следењето на новинарите е неприфатливо. Ова дополнително ја слабее веќе загрозената слобода на медиумите во земјата“, изјави Мијатовиќ.

„Ова е тешка повреда на правата на правото на новинарите да ја завршат својата работа и да ги заштитат своите извори. Овие активности мора да се испитаат на брз, транспарентен и независен начин, а извршителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата“, рече Мијатовиќ.

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите ги следи случувањата во медиумите во сите 57 држави-членки на ОБСЕ. Таа навреме предупредува на прекршувањата на слободата на изразувањето и слободата на медиумите и се залага за целосно почитување на заложбите на ОБСЕ за слобода на медиумите.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе