Кампања или теренски активности

„Обновата” на ВМРО-ДПМНЕ контра „Правиот пат” на СДСМ

Цела година пред наредните парламентарни избори, предвремени или редовни, двете најголеми партии почнаа да ја крстосуваат Македонија. И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ истовремено почнаа кампањи со трибини на терен кои слободно може да се протолкуваат како предизборни, иако за избори нема никаква најава.

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, заедно со негови министри во Штип се фалеше за сработеното, а претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Ресен критикуваше и најави промени и нови политики. Од една страна Заев тврдеше дека „сме на прав пат” бидејќи конечно државата нема проблеми со соседите и само што не добила датум за почеток на преговори со ЕУ и не станала полноправна членка на НАТО, Мицкоски ја обвини власта дека се грижи за личниот и материјалниот интерес наместо за проблемите на граѓаните.

Пред почетокот на „борбата” на терен ВМРО-ДПМНЕ обзнани нов тим од соработници и советници, коиќе помогнеле за победа на следните избори. Во тимот на Мицкоски, меѓу другите, се најдоа и двајцата поранешни претседателски кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова и Сашко Кедев, оперскиот пејач Игор Дурловски, како и ракометниот голман Борко Ристовски.

Списокот е отворен, а партијата подготвена да го прифати секој кој сака да се вложи во, како што вели Мицкоски, обновата на Македонија. Тој не пропушти на премиерот Заев уште еднаш да му порача да се соочат на избори.

„Има луѓе кои што личниот интерес материјалниот интерес им е пред се, има луѓе измамници има луѓе коишто ќе доаѓаат и ќе ветуваат се и сешто, додека ветуваат лажат и тие луѓе имаат име и презиме, а таа политичка партија се вика СДСМ, а тие луѓе имаат име и презиме и нив ги предводи најголемиот помеѓу нив, принцот на лагата Зоран Заев. Немојте тоа да го заборавите. Ние сме различни. ВМРО ДПМНЕ е различно, нашиот збор планини тежи тоа што ќе го кажеме тоа и ќе го испорачаме“, порачува Мицкоски.

СДСМ, пак, стартуваше караван трибини наречен „На прав пат“. Генералниот секретар, Љупчо Николовски веќе најави одржување на 20 граѓански форуми, како и секојдневни средби со граѓаните на кои ќе се слушаат нивните проблеми, но и ќе се промовира сработеното.

И додека Мицкоски најавува разговори за концептот како Македонија во иднина да биде тигар на Балканот, Заев, криткувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ, ја обвини опозициската партија дека е против се и не дозволува државата да оди напред. 

„Возот, Република Северна Македонија е на шините, може да се клацка, но е на правиот пат”, порача Заев вчера од Штип. 

Тој забележа дека земјата ги чека историските 17 и 18 октомври, кога се отвара ново поглавје и по 15 години поминати во чекање се почнуваат преговорите за влез во ЕУ. Додека за членството во НАТО политичката состојба во Шпанија може да го одложи на почетокот на наредната година. Досега 22 земји го имаат ратификувано протоколот, остануваат уште седум.

„Неразбирливо е како Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да бидат против се, против секоја мерка во интерес за граѓаните. Тие се против ЕУ и НАТО, против реформите, против мерката за поврат на ДДВ, против раст на платите и пензиите, против раст на платите во приватниот сектор, против секоја мерка што враќа пари назад кај граѓаните. Целиот свет го призна нашиот прав пат, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против и стојат на страна”, рече Заев.

Приказната продолжува…

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе