Нови прислушувани разговори

Објавени нови „бомби“ за ДУИ, Ел Чека го исмева МВР: Мојот профил е јавен, што има тука да се открива?

Блерим Беџети, Муса Џафери и Гордана Јанкуловска наводно се главните ликови на новите аудиоснимки што рано утрово ги објави Ел Чека, или Ш.А., на својот фејсбук-профил. Главна тема на разговорот што се води меѓу нив е како да го намалат медиумскиот интерес за барањето на македонските власти за екстрадицијата на дел од учесниците во настаните во Диво Насеље.

Во овие разговори се споменуваат и сменетиот директор на гинекологија Ваљон Беља и екстрадицијата на обвинетите од Диво Насеље. Ел Чека тврди дека „бомбите“ биле добиени од тројца членови на кумановската група која лежи во затворот Идризово: Сами Укшини, Вал Зека и Шек Халими. На својот профил Ел Чека вели дела се слушнал со еден од осудените за Диво Насеље, командант Соколи и дека се договориле да ги објави сите „бомби“ што ги има.

Вчера МВР објави дека откри кој стои зад профилот Ел Чека и дека било побарано од Фејсбук тој профил да биде блокиран. „Утврдено е кој стои зад профилот на Фејсбук од каде што се пласирани овие содржини и за тоа е известено Обвинителството. Исто така, известена е социјалната мрежа Фејсбук односно надлежните во оваа компанија се известени дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис. По целосното расчистување на случајот, МВР ќе поднесе кривична пријава против сторителот и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста“, стои во соопштението на МВР.

На ова, сопственикот на профилот одговорил дека МВР го откриле неговиот идентитет иако неговиот фејсбук е отворен односно е јавен. Ел Чека живее во Чикаго, САД.

„Глупоста на ДУИ нема крај, ме откриле? Да, мојот профил е јавен и има слики од мене. И ова го нарекуваат криминал? Зарем убиствата на борците на УЧК и Албанците не се криминал? Ќе биде ли некој осуден за тоа? Бог да ги благослови Албанија и Америка“, напиша Ел Чека на Фејсбук.

Во претходните „бомби“ се слушаат наводни разговори меѓу Блерим Беџети, Муса Џафери, Бекир Асани и Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков. Беџети барал да се казнат припадници на Алфите, кои според Мијалков и Јанкулоска, коректно си ја завршиле работата во врска со претрес за нелегален пиштол, кај извесен Шеваљ.

Инаку, профилот на Ел Чека сѐ уште е активен.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе