Објавени добитниците на новинарските награди на ЗНМ

Новинарката на МРТ и долгогодишен собраниски известувач Мира Костиќ, новинарите од емисијата „360 степени“ Зоран Јовановски и Славица Филиповска, како и новинарот Ване Трајков се добитници на годишните новинарски награди на Здружението на новинари на Македонија за 2019 година.

„Наградата ‘Крсте Петков Мисирков‘ за животно дело ѝ е доделена на долгогодишната новинарка на МРТ и известувач од Собранието, Мира Костиќ која годинава стави крај на својата богата новинарска кариера. Наградата ‘Јашар Еребара‘ за истражувачко новинарство им припадна на новинарите на емисијата ‘360 степени‘ Зоран Јовановски и Славица Филиповска за прилогот со наслов 360 на терен со УЈП – итроштини и ургенции на секој чекор‘. Наградата за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење за 2019 година за новинари од внатрешноста на Македонија му е доделена на новинарот Ване Трајков од Струмица за неговите прилози за проблематичниот тендер на ЈПКД ‘Комуналец‘ Струмица“, соопшти денеска ЗНМ.

За сите наградени следува плакета како признание од ЗНМ, а за наградените за истражувачките стории следува и парична награда од 1.000 евра по категорија.

Поради ситуацијата со коронавирусот во државата и препораките на институциите за избегнување на групни собири, ЗНМ овој пат нема да организира настан за свечено доделување на наградите.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе