Објавена снимка за која се тврди дека се слуша како Курто Дудуш тепа вработен во општината

Во јавноста вчера беше пласирана аудио снимка за која се тврди дека се слуша гласот на градоначалникот на скопската општина, Шуто Оризари, Курто Дудуш како наводно затвора едно лице во канцеларија и го тепа.

Снимката ја објави порталот  Лидер со тврдење дека им ја пратил „свиркач“ без да го знаат потеклото и начинот на кој таа е направена.

„Ајде седни, чекај да ја заклучам вратата за да не ми избегаш. Имам со тебе да завршам некоја работа“, вака почнува аудио снимката, која свиркачот ја доставил до редакција на Лидер.

Понатаму во аудиото, се слуша како наводно градоначалникот Курто Дудуш го прашува киднапираниот зошто го пцуел „на сред центар" и почнува физички да го измачува. Во снимката во неколку наврати се слушаат силни удари и тепање на извесниот Сенат, кој е заклучен во канцеларијата на Дудуш.

Засега нема никаква реакција од градоначалникот Курто Дудуш, но официјална реакција нема ниту од истражните органи.

 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе