Објавена нова аудиоснимка за Заев, колку вредат гласовите на албанските партии

Новата снимка меѓу Зоран Заев и непознат глас, објавена денеска на Јутјуб под наслов „Лагите на Заев. Непознатиот глас му вели на Заев а „Шиптарите“ веќе ви ја пишат фактурата? „Пет банки” не вредат тие на пазарот на гласови, одговара лидерот на СДСМ.

Албнските партии „немаат роба позади себе” за да пишуваат фактури, објаснува Заев. Непознатиот глас му вели на Заев дека Албанците ќе ни ја земат државата, а лидерот на СДСМ му  возвраќа дека тие се борат „само за парички”.

Аудиоразговорот почнува со прашање на соговорникот:

Дисторзиран глас: А Шиптарите веќе ви ја пишат фактурата?

Потоа се слуша јасен „рез" во тонот по што снимката продолжува со гласот на Заев:

Заев: Пет банки не вредат.

По уште еден рез соговорникот вели:

Дисторзиран глас: Мхм, не вредат ...

По повторен рез, следи најдолгото тонско парче од Заев кое не е сечено:

Заев: Не вредат на пазарот на гласови. Не може со нас, другите ... Со избори и они ќе се валоризираат. За дали ќе пишат фактури, за да пишеш фактури мора да имаш роба позади себе, така? Не може така да ја пишеш. Тие немаат роба позади себе.

По нов рез на снимката (во позадина наеднаш ја снемува музиката и се менува пеењето на птиците), соговорникот вели:

Дисторзиран глас: Имаат борци тие.

По уште еден рез (каде сега повторно има музика во позадината), Заев вели:

Заев: Борци се наоѓаат по светот секој пат.

Следи нов рез во аудиото и нова реплика на соговорникот:

Дисторзиран глас: Аха се наоѓаат ... Со илјада луѓе државата ќе ни ја земеа ... Вие треба да се фокусирате на тоа ...

По уште еден рез во аудиото, Заев одговара:

Заев: Они се борат за парички.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе