Oд утре до 31 август

Објавен конкурс за наградата „11 Октомври“ по скандалот од лани, кога наградата не беше доделена

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври", со која се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес, го распиша конкурсот за нејзино доделување за 2021 година. Конкурсот трае од 6 до 31 август. Лани се случи скандал, наградата не беше доделена затоа што не беше формиран Одборот, па немаше ниту конкурс како што е тоа законски пропишано.

Државната награда „11 Октомври " се доделува секоја година на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава, а под условите определени во Конкурсот може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство, од јавен интерес на државата. На наградениот поединец му се доделува: диплома, плакета и паричен износ. На секој член на наградената група творци или екипа им се доделува диплома, плакета и подеднаков дел од паричниот износ. На наградената установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.

Паричниот износ на државната награда „11 Октомври" изнесува петнаесет (15) просечни месечни плати исплатени во последните три месеци во тековната година. Во една година може да се доделат најмногу до пет (5) награди.

Иницијатива за доделување на државната награда „11 Октомври" може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани. Подносителите на иницијатива треба подробно да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани и: прецизни биографски податоци, точна адреса на живеење (улица, број, место, град, држава), податоци за остварените резултати во областа во којашто е постигнато остварувањето и други податоци што се смета дека ќе придонесат во оценувањето. Подносителот на иницијативата треба да ги наведе своето целосно име и презиме, назив, фирма, адреса и телефон.

Текстот на иницијативата (комплетиран) треба да се достави во 20 примероци, а трудови, книги, публикации и сл. се третираат како прилози и треба да се достават во еден примерок на адресата Министерство за култура на Република Северна Македонија – Одбор за доделување на државната награда „11 Октомври", ул."Ѓуро Ѓаковиќ" бр. 61 – Скопје.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе