О2 иницијативата бара од Пендаровски да не го потпишува указот за Законот за утврдување на правен статус за бесправно изградени објекти

О2 иницијативата поднесе барање до претседателот Стево Пендаровски да не го потпише указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и да го врати законот на повторно разгледување во Собранието со задолжителна јавна расправа.

Го објавуваме барањето во целост, кој сака нека испрати свое барање до претседателот во врска со овој закон и од О2 иницијативата велат дека може да се искористат делови од нивното барање. Мејлот на претседателот е [email protected]

„Почитуван Претседател на РСМ, г-н Стево Пендаровски,
Бараме согласно вашите законски надлежности како Претседател на РСМ да не го потпишувате указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, кој беше донесен по скратена постапка на 11.05.2021.

Сметаме дека ваков закон, каде во самиот наслов стои дека бесправното станува правно, не смее воопшто да се донесе во една демократска земја која се залага за владеење на правото.

Со овој закон се руши секаков правен поредок во државата, се рушат еклатантно две темелни вредности на уставниот поредок на РСМ: владеењето на правото и уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата.

Со овој закон се поништуваат законските одредби од бројни закони, како законот за градење, законот за урбанистичко планирање, законот за заштита на природата, законот за води, законот за заштита на културно наследство, кривичниот законик, просторните и урбанистичките планови, итн.

Со овој закон се упаѓа во судскиот систем и се запираат веќе покренати постапки за рушење на дивоградби и сите поврзани управни и судски постапки, вклучително и кривични пријави.

Со овој закон се испраќа силна порака дека не треба да се почитуваат низа на закони, правилници и стандарди за добивање дозвола за легална градба, се поддржува криминал, особено зошто е втор ваков закон по ред и надграден, што не смееше да се случи под никакви околности.

Со овој закон се мотивираат сите оние кои со години бесправно узурпираат земјишта, а се демотивираат сите чесни граѓани кои ги следат законските чекори и ги почитуваат сите прописи. Особено се мотивираат оние со повисоки приходи кои градат на места каде никако не би смеело да се гради.
Со овој закон се ставаат во нерамноправна положба граѓаните, што е спротивно на принципот на владеење на правото и еднаквост на граѓаните пред законите.
Со овој закон оневозможени се сите постапки со кои се одредува влијанието врз животната средина на бесправните објекти и се дозволува легализација на градби во заштитени подрачја и зони.

Овој закон е донесен по скратена постапка, иако последиците од него се огромни и по владеење на правото и по самата животна средина. Донесен е без јавна расправа, без консултации со стручната јавност од разните области кој овој закон ги опфаќа, а тие се бројни, без објавување на ЕНЕР со можност да се дадат коментари и да се влијае во процесот на негово донесување, без задолжително известување на сите засегнати здруженија на граѓани и невладини организации.

Вие во Вашата предизборна програма ветивте „Потпишување на указите за прогласување на сите закони коишто се во согласност со Уставот и во интерес на граѓаните. Но, секогаш кога ќе сметам дека некој закон е неуставен или штетен за граѓаните, ќе го вратам на повторно разгледување во Собранието."
Овој закон не е во согласност со Уставот и не е во интерес на граѓаните кои ги почитувале законите и прописите. Затоа бараме од вас да го исполните ветувањето и не го потпишете указот за прогласување на овој закон и го вратите законот на повторно разгледување во Собранието со задолжителна јавна расправа на која ќе присуствува стручната и засегната јавност од разните области кој овој закон ги опфаќа“, стои во барањето на О2 иницијативата. 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе