Владата и вчера не пресече за рудникот за бакар

O2 иницијатива: Рудникот Иловица три години нема концесија, кој и зошто купува време и за кого?

Вчерашната одлука на Владата за концесијата за рудникот Иловица е една иста во низата досега донесени такви одлуки. И вчера одлуката е Министерството за економија да ја испита исполнетоста на условите за добивање на дозвола за експлоатација, реагира здружението О2 иницијатива.

Активистите на ова здружение потсетуваат дека таква одлука беше донесена и во јануари годинава, и во април лани.

„Единствено различно е што овој пат стои доколку условите не се исполнети, да се одбие барањето за дозвола. Ако сега условите не се исполнети, не биле ни во јануари, ни лани во април и дозвола не се издала. Три години концесијата е истечена. Услови нема исполнето, ама не се одбило барањето за дозвола две години по ред. Зошто?

Владината одлука од април, 2018

Министерот за економија е должен со решение да го одбие барањето ако не ја содржи потребната документација. Досега министерот не го одбил со решение барањето за дозвола. Зошто? Кој купува време и за кого? До кога игри без граници?

Јануари, 2019

Ќе мора да почнете да си одговарате за вакво непостапување и неносење на решение со кое се ОДБИВА барањето за издавање на дозвола. Рудник во Иловица НЕМА да има, ама одговорност МОРА ДА ИМА“, се вели во реакцијата на О2 иницијативара по вчерашната одлука на Владата.

Вчерашната владина одлука, јуни 2019

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе