За новата еколошка мерка

Нуредини до граѓаните: Користете торби, не трошете по 15 денари за кеса

Откако денеска во сила стапи еколошката мерка според која се забрануваат најлонски кеси, а во трговијата ќе бидат дозволени само биоразградливи кеси кои на купувачите ќе им се продаваат по цена од 15 денари, министерот за животна средина Насер Нуредини одржа брифинг со новинарите од кој ја испрати пораката дека целта со оваа нова мерка не е на граѓаните - купувачи да им се земат пари, туку да се гради еколошка свест. Тој ги повика граѓаните да користат платнени торби за пазарење. За кесите за ѓубре засега нема промена на цената.

„Стандардите остануваат исти како што се во стариот Закон за управување со отпад. Тоа значи дека производителите можат да продолжат да продуцираат пластични кеси со вакви стандарди, кои се биоразградливи до 1 јуни 2023 година“ рече Нуредини.

Министерот нагласи дека идејата не е дека се очекуваат пари за фондот за еколошки мерки, туку да се намали употреба на пластика.

„Во првиот квартал од идната година ќе информираме колку пари се собрале во тој фонд и што ќе правиме со тие средства“, рече Нуредини и нагласи дека  микропластиката е штетна и за почвата и за водите.

Министерот потсети дека согласно Законот за општествена одговорност производителите кои користат пластични амбалажи на годишно ниво плаќаат надоместок. Тој надоместок го собираат колективните собирачи на отпад кои потоа имаат одговорност со тие средства да набавуваат садови за рециклирање и селектирање на отпад. Клучно е граѓаните што повеќе да селектираат отпад за да се зголеми бројот на поставени контејнери за селекција на отпад, а со тоа да се зголеми и рециклирањето што ќе придонесе за заштита на животната средина.

На новинарско прашање околу цената на кесите за отпад министерот кажа дека во моментов не е донесена одлука за промена на нивната цена. Тој појасни дека во иднина ќе се носат закони кои ќе придонесат за намалување на употребата на пластика.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе