Нуланд до македонските политички лидери: ЕУ и САД се за планот од 2 јуни (ФОТО)

Викторија Нуланд, високата претставничка на Стејт департментот, Викторија Нуланд, која денеска оствари средба со македонските политички лидери, порача дека решение за кризата треба да се бара во основата на договорот постигнат во Пржино, на 2 јуни.

 

Според неа, останале  уште неколку прашања кои треба да се решат и крајно време е да се најде решение за кризата, за да може да се врати Македонија на патот на евроинтеграциите.

Нуланд истакна дека заедно со еврокомесарот Јоханес Хан, работеле на пакетот договор од 2 јуни и очекува за време на неговата утрешна посета да се надминат и последните неколку нерешени прашања од договорот.

Премиерот Никола Груевски, по средбата со Нуланд, истакна дека евроинтеграциските вредности се водилка во тековните политички премрежја, чие решение е единствено можно како правен, политички и институционален проблем.

Тема на разговорот на Нуланд со претседателот на СДСМ Зоран Заев беше можноста за решавање на политичката криза во земјава, преку споделени гаранции меѓу власта и опозицијата за практична примена на решенијата за критичните области посочени во извештаите на ЕК и Стејт Департментот, како и споделени гаранции меѓу власта и опозицијата за организирање фер и демократски избори во Р.Македонија.

„Важно за граѓаните на Република Македонија е враќање на слободата и демократијата и обезбедување и заштита на човековите права. Во таа насока дејствува Социјалдемократскиот сојуз и инсистира на механизми што тоа ќе го овозможат“, рече претседателот Заев.

За Заев договорот од 2-ри јуни предвидува решенија за критичните прашања, но потребни се итни решенија во интерес на нормализација на земјата, доколку се постигне договор за организација на влада што ќе подготви и спроведе избори.

Политичката криза, реформите од препораките на Европската Унија, спорот со Грција за името и борците од регионот во војните во Сирија и Ирак биле дел од темите за кои разговарале Нуланд и претседателот на ДУИ  Али Ахмети.

На средбата во американската амбасада во Скопје присуствувале и Евелин Фаркаш, заменик помошник на секретарот за одбрана на САД и амбасадорот на САД во Скопје, Џес Бејли.

„Претседателот Ахмети го оцени како неприфатливо продолжувањето на политичка криза бидејќи целото општество е во очекување на решение и продолжување на нашиот евроатлантски пат. ДУИ ќе ги поддржи реформите што произлегуваат од препораките на Европската Унија и на Прибе бидејќи нивното спроведување го прават демократскиот систем постабилен“, се вели во соопштението на ДУИ.

Во врска со спорот за името, Нуланд и Ахмети разговарале да продолжат со заедничките напори во правец за наоѓање решение за спорот за името со Грција веднаш по решавање на политичката криза во државата.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе