ЗА АЛСАТ-М

Нухиу се сомнева дека во игра за преврат на 27 април била и армијата

Министерството за внатрешни работи и Оперативниот штаб имале изготвено три евентуални планови за протестите, но  тие пропаднаа поради политичките убедувања внатре во полициските структури, изјави министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, објаснувајќи ги случувањата во МВР на 27 април. 

„Еднаш добив одговор од Чавков дека се преземени мерки и оти сè е под контрола и надвор од Собранието. Тој потоа ми одговори дека ова е народ и не можеме против него“, изјави Нухиу во емисијата „Патот кон...“ на Телевизијата Алсат-М.

Според него,  во МВР не функционирал ниту системот за регистрација на командите и тоа како што рече, уште од пред три години, што значи дека не се чуваат докази кој кому издавал наредби во полицијата, кој одбил или постапил по командите.

„Веднаш побарав да се направи увид и проценка дали се снимени сите команди коишто се издадени од тетра системот. Тоа е систем за комуницирање со команди кој се прави внатре во МВР и имаме три сервер-оператори кои треба да бидат поврзани со апаратот за снимање на сите команди. Повикав експерт од Германија и тој направи проценка дека два сервера за жал не биле поврзани со апаратот за снимање на команди и било констатирано дека такво нешто не функционира не од сега, туку од 2014 година. Зошто не работеле, одговор треба да дадат органите кои треба да го водат процесот на истрага за кривична одговорност и се разбира се бара проценка од експертите или посебно екстра вештачење“, рече Нухиу.

Тој, исто така ги потврди информациите дека имало обид да се избришат снимките од безбедносните камери во Собранието.

„Двајца вработени добиле наредба од еден висок началник во УБК да влезат во Собранието и да ги земаат хард-дисковите, по што ги зеле, но за среќа, имало резервни хард-дискови и ние сепак успеавме да ги земеме снимките“, објаснува Нухиу.

Според него, на 27 април имало сценарио кое би послужило како повод за прогласување на воена состојба од страна на претседателот Иванов.

„Сценариото кое според моето мислење постоеше, е да се удри по Собранието, има и гласини кои не сум ги потврдил, односно дека полицајците се повлекле од вршење на законските должности, бидејќи слушнале дека треба да чекаат уште некое време, со цел претседателот да ја извади армијата и да прогласи вонредна состојба“, рече Нухиу. 

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе