МНР

Новогодишен прием на Димитров за дипломатскиот кор во Македонија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска беше домаќин на традиционалниот новогодишен прием за дипломатскиот кор во Република Македонија. На приемот, како што соошти МНР, покрај министерот Димитров се обратил и доајенот на дипломатскиот кор, шведскиот амбасадор Матс Стафансон.

Министерот Димитров во своето обраќање се осврнал на клучните настани и надворешно-политичките активности во изминатата година со фокус на преговорите со Грција кои резултираа со потпишување на Спогодбата во Преспа.

„Благодарни сме за позитивните реакции на меѓународната заедница за процесот на преговори, како и за самиот исход. Голем број светски лидери и дипломати изразија пофалба до сите страни во процесот. Бевме посветени, од ова зависат нашите стратешки цели: полноправно членство во НАТО и почеток на пристапните преговори со ЕУ во 2019 година. Со нетрпение ја очекуваме оваа година во која ќе славиме конкретни резултати во насока на исполнување на нашите стратешки цели“, истакнал Димитров.

Шведскиот амбасадор, во име на членовите на дипломатскиот кор, се заблагодарил за организираниот прием, истакнувајќи ја одличната соработка со Министерството за надворешни работи и со министерот Димитров. Како што соопшти МНР, амбасадорот упатил пофалби и честитки за дипломатскиот ангажман минатата година, кој вродил со резултат на планот на решавањето на најважните отворени прашања на надворешно-политички план. Изразил и надеж дека целокупниот процес наскоро ќе се финализира и ќе доведе до отклучување на вратите за исполнување на стратешките приоритети на земјата.

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе