Реакција

Новковски: Референдумското прашање треба да се однесува само на договорот со Грција, а не и ЕУ и НАТО

Не може да се постави прашањето: „Дали сте за членство за ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција?", реагира професорот Ненад Новсковски, поранешен министер за образование на својот фејсбук-профил по вчерашното прецизирање на можното референдумско прашање од страна на премиерот Зоран Заев.

„Договорот што е потпишан експлицитно бара на референдум да се потврди договорот - по потпишувањето на оваа спогодба, страните ќе ги спроведат следниве чекори: 'втората страна без одлагање ќе ја поднесе Спогодбата до Собранието за ратификација... втората страна, доколку така одлучи, ќе одржи референдум'.

Оттука, согласно соговорот, прашањето мора да гласи - сали сте за прифаќање на Договорот со Грција?

Значи или ова прашање или нема референдум“, напиша Новковски на својот фејсбук-профил.

 

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе