Ќе се врши увид во систематизацијата

Новиот технички министер во МВР ќе ги чешла издадените решенија на полицајците

Наќе Чулев, новиот технички министер во МВР, најави дека ќе изврши увид во состојбите во Министерството и ќе ја информираат јавноста доколку имало издадено незаконски решенија за вработување.

Чулев во контекст на прераспределбите во МВР изминатите три дена, подвлече дека „е потребен одреден период за согледување на состојбата, по што, за најмногу неколку дена, официјално ќе бидат соопштени за во најголем дел незаконски издадените решенија".

„Ќе направиме увид во незаконски распределените решенија во МВР и ќе ја информираме јавноста“, изјави новиот технички министер.

Тој потенцираше дека негов приоритет ќе биде организирање на фер и демократски избори. 

„Мој приоритет во наредниот период ќе биде организирање мирни, фер и демократски избори. За таа цел ќе бидат презмени широк спектар активности за превенирање евентуални обиди на криминални, насилни и други структури за нарушување на изборниот процес. Дополнително, со оглед дека се работи за сензитивен безбедносен перод, во соработка со меѓународни и други државни институции, ќе бидат преземени активности за стабилизација на државата, заштита на уставниот поредок и безбедноста на граѓаните, потенцира Чулев.

Неговата реакција за издадените решанија следи откако дел од медиумите објавија дека претходниве денови голем број припадници на Единицата за јавен ред и мир добија нови решенија, на 31 декември, 2019 беа повикувани од дома за да ги потпишат и веќе од 1 јануари годинава се прераспеделени да работат во полициските станици низ градот. 

Сега веќе поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски донесе одлука пред да стане технички министер, да направи систематизација и да ја укине Единицита за прв одговор „Алфа“ и Единицата за јавен ред и мир и да ги спои во една Единица за интервентна полиција. 

На чело на оваа единица застана досегашниот командант на полициските алфи, Примислав Димовски. 

Голем дел од полицајците кои беа распределени во полициските станици, зад себе имаат работно искуство по повеќе од 15 години во единицата „Алфа“ и во ЈРМ. 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе