Порака од Софија

Новиот шеф на дипломатијата на Бугарија вели дека е подготвен за дијалог, но состанок може да има само под исполнети услови

Бугарија останува отворена за отворен дијалог и соработка со РС Македонија, но сите состаноци мора да се одржат под одредени услови. Ова се наведува во официјалната изјава на новиот министер за надворешни работи Светлан Стоев испратена до агенцијата БГНЕС.

„Република Северна Македонија предложи телефонски разговор меѓу двајцата министри за надворешни работи и тоа ќе се спроведе веднаш штом ќе дозволи распоредот на министерот Стоев“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Бугарија.

„Бугарија отсекогаш била и останува отворена за отворен дијалог и соработка со Република Северна Македонија. Може да се одржи меѓувладин состанок кога ќе се исполнат потребните предуслови и услови. Одржувањето состанок во таков формат мора да биде полн со содржина. Во оваа смисла, потсетуваме дека годишниот извештај за работата на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања треба да биде усвоен на претстојниот меѓувладин состанок.

Ние ја користиме приликата да потсетиме дека министерот Стоев кога стапи на должност рече дека бугарската страна останува отворена за дијалог, додека привремената влада не е овластена да ја менува рамковната позиција на Бугарија, што беше усвоено со консензус од сите политички сили во парламентот“, се истакнува во информацијата од бугарското Министерство за надворешни работи.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе