Реакција

Новинарскиот синдикат ги осуди заканите кон новинарката Лупевска и ТВ Телма

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници - ССНМ, изразува најостра осуда и протест поради директните закани кон новинарката Снежана Лупевска Созен и телевизија Телма искажани вчера за време на интервјуто на „Топ тема" од страна на сопственикот на ИГМ Трејд, Илија Гечев.

Јавната закана дека Лупевска ќе биде повеќекратно тужена, со ангажирање на „најдобри и скапи“ адвокати не е многу поинаква од закана за физичка пресметка. Методите можеби се разликуваат во зависност од позицијата, воспитувањето и економската моќ на заканувачот, но целта е иста – да се замолчи новинарот и  да се обесхрабри раководството на медиумот да протежира истражување на прашање од јавен интерес

Користењето тужби како закана и притисок врз новинарите и медиумите во кои тие работат е постојано посочувано како проблем од страна на новинарската заедница, а сега јавноста имаше можност во живо да се увери на каков третман се изложени новинарските екипи кога истражуваат случаи во кои се инволвирани лица кои се доживуваат, а и де факто имаат третман на моќници.

ССНМ јавно бара од Стопанската комора на Македонија да организира обуки на своите членки каде тие ќе бидат дополнително едуцирани за слободата на изразување, општествената одговорност и јавниот интерес. Затоа што се покажува дека чувството за јавен интерес и општествената одговорност се право пропорционални со моќта. Само на тој начин новинарите ќе можат без притисоци и закани да ја извршуваат својата работа, а компаниите да го задржат својот интегритет и да научат да се носат со општествената одговорност, соопшти Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе