Македонски институт за медиуми

Новинарката Менче Атанасова Точи ја доби наградата „Никола Младенов“

Наградата на МИМ „Никола Младенов" годинава ја доби новинарката Менче Атанасова Точи за најдобра истражувачка сторија за серијалот текстови за домашниот паралелен увоз на лекови, објавени на Нова ТВ со кој се откри фалсификувањето на лековите и сериозни злоупотреби на власта во насока на манипулирање на граѓаните и манипулација на цената на лековите.

Втората награда „Никола Младенов 2017“ за најдобра истражувачка сторија ја доби тимот новинари на БИРН објавени за истражувачката сторија „Странските инвестиции под лупа“ објавени на Призма.

Третата награда ја добија Петар Клинчарски за сторијата „Илјада преводи“ и Лиридона Вејсели за сторијата „Каде е штабот на џихадистите“.

Серијата на Клинчарски беше објавена во емисијата 360 степени на Алсат М, а таа на Вејсели на интернет порталот Журнал.

Македонскиот институт за медиуми пофалница ѝ додели на Славица Филиповска за сторијата „Колку време ни треба да го уништиме најстарото езеро во Европа“, исто така објавена на 360 степени на Алсат.

На годинешниот конкурс се пријавиле 38 автори од вкупно 60 стории обработени во 154 текстови - прилози објавени на интернет портали, телевизии, дневни весници и во неделници.

Наградата за најдобра истражувачка сторија се доделува традиционално по 17 пат, како дел од заложбите на МИМ, унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава.

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе