„НЕПРИФАТЛИВО Е ДА СЕ ЗБОРИ ЗА МЕДИУМИ БЕЗ ПРИСУСТВО НА МЕДИУМИ“

Новинарите утре ќе протестираат пред Клуб на пратеници

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), утре во 11 часот повикуваат на протест пред Клуб на пратеници, каде новинарите и медиумските работници заедно ќе го изразат незадоволство поради одбивањето на политичките партии да ги вклучат во разговорите за подобрување на состојбата со слободата на медиумите. 

„За нас, е неприфатливо да се зборува за новинарите и медиумите а притоа тие да не бидат вклучени во процесот. Новинарите, медиумите и јавноста имаат право да знаат за што политичките партии разговараат и за што се договараат во Клубот на пратеници. Ние имаме право да знаеме кои решенија се предложени. Бараме да ни се даде можност да се чуе и нашиот глас пред тие решенија да бидат донесени во Собранието. Ние како организации инсистираме решенијата да бидат системски и одржливи со кои на подолг рок треба да се  обезбедат подобри услови за работа на новинарите и медиумите“, стои во заедничкиот повик за протест на ЗНМ, ССНМ и МИМ.  

Инаку, според денешните информации, партиските тимови веќе се вратија на преговарачките позиции во Клубот на пратеници. Започнаа дискусии за реформи во медиумската сфера без новинарите, иако претходната недела новинарските здруженија и медиумски организации реагираа на дел од законските измени што се однесуваат на медиумите и побараа да бидат дел од преговарачкиот процес, а во спротивно најавија протести и повик за бојкот на медиумите за изборите.

Белгискиот олеснувач Питер Ванхојт како краен рок го утврди петок, до кога претставниците на четирите големи партии – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА треба да договарат за однесувањето на медиумите и на новинарите.

Ванхојт претходно одржа само консултативна средба со новинарите за да ги слушне нивните мислења, но потоа преговорите продолжија единствено со партиските тимови. Белгискиот експерт соопшти дека ЕУ веќе има истакнато осум приоритети за подобрување на состојбата во медиумите: да се намали насилството врз новинарите, пристапот до информации, да се намалат казните или сосема да се анулира казната за клеветата кога станува збор за тужба од политичар кон новинар, политичките рекламирања и владините реклами, промени во агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми, промени во јавниот сервис, промени во Сооветот за етика и Советот за саморегулација на медиумите.

Најголемиот дел од решенијата на новинарите се укинување на владините реклами но и партиските, за време на изборните кампањи, озвоможување независен јавен сервис, како реформи во Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми, преку назначување на експерти во менаџерскиот кадар, како и членови во самата Агенција.

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе