Новинарите од весниците на МПМ од утре штрајкуваат, фирмата со нова сопственичка структура

Вработените во весниците на МПМ „Утрински“, „Вест“ и на „Дневник“ од утре стапуваат во штрајк откако не ја добиле јануарската плата во предвидениот рок кој како услов му го доставија на менаџментот. 

Според најавите, нема да работат 4 часа и со транспаренти ќе ја заобиколат канцеларијата на МПМ.

„Со оглед дека во изминативе 15 дена менаџментот не покрена постапка за помирување и ниту еднаш не покажа иницијатива за средба со претставниците на штрајкувачките одбори сметаме дека се исцрпени сите рокови за решение кое би ја поништило или ставило одлуката за штрајк во мирување“, пишува во дописот од вработените до менаџментот на МПМ.

Новинарите на трите весници велат дека колку време менаџментот ќе одбегнува средби со нив, толку подолго ќе штрајкуваат.

Според претседателката на ССНМ, Тамара Чусидис, штрајкот е уставно загарантирано демократско право на вработените, преку кој тие ги остваруваат своите работни права, во случајов правото за личен доход за месецот што измина. Барањата на Синдикатот не се исполнети, а дополнително, не само што не се воспостави комуникација со штрајкувачките одбори, туку тие се изложени и на засега директни и индиректни вербални притисоци.

Штрајкот во редакциите во МПМ е организиран согласно законот за работни односи и колективниот договор за приватниот сектор и, како таков, тој не претставува кршење на договорите за вработување.

„Дополнително, секое ставање на работниците кои штрајкуваат во понеповолна позиција од страна на работодавачот се смета за кршење на законите и Уставот на оваа земја“, забележува Чаусидис.

Засега за штрајкот, но и за состојбата со компанијата нема реакција или коментар од управителите на „Медиа Принт Македонија“.

Во меѓувреме, медиумите објавија дека се сменила сопственичката структура.

Компанијата „Орка Холдинг“ излезе од сопственичката структура на „Графички центар ДОО“ која што е сопственик на Медиа Принт Македонија, издавачот на неколку македонски медиуми.

Сопственици на МПМ преку „Графички Центар“ беа „Орка Холдинг“ водена од Јордан Камчев, „Мирекс Плус“ во сопственост на Срѓан Керим и „Интернет Инвестмент Груп“ во сопственост на Јана Станисављева.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе