Договорот од Преспа на дело

Нови табли пред спомениците во Скопје и Битола, бурни реакции во јавноста

На споменици во Скопје и во Битола вчера беа поставени табли на кои пишува дека се дел од дека се дел од „хеленската историја“. Пред седум споменици поставени на мостот Око во центарот на Скопје од вчера има табли на кои се објаснува дека тие личности се дел од хеленската античка историја.

До вчера на овие споменици беа поставени натписи со имињата на личностите. Ова вчерашно дообјаснување со метални табли пред спомениците е дел од обврската која Македонија ја презеде со Договорот од Преспа.

„Јаничари, нема долго да ви траат ТАБЛИВЕ“, порача вчера пратеникот и претседател на Левица Димитар Апасиев.

 

Бурни се реакциите на овој потег на власти и по социјалните мрежи.

Светскиот македонски конгрес (СМК) најостро ја „осудува вчерашната координирана акција на Владата и градоначалниците низ Македонија за поставување на табли на англиски и на македонски јазик од метална конструкција зацврстена со завртки поради ризик од демолирање, пред сите споменици кои со попис и опис во Министерството за култура се регистрирани како дел од „хеленската цивилизација, историја, култура и наследство“ во согласност со Владата во Атина“.

СМК ја повикува Владата веднаш и безусловно да ги отстрани металните табли пред спомениците „кои не претставуваат дел од таканаречената хеленистичка цивилизација, туку се неотуѓив, неотстапен и нераскинлив дел од македонската цивилизација во континуитет од пред нашата ера до денес. Не постои хеленска цивилизација, историја, култура и наследство во Македонија. Македонската цивилизација никогаш не била дел од таканаречената хеленска цивилизација на Атина. До 1912 година Атина била под планината Олимп, Македонија никогаш не била дел од Атина или под нејзина јурисдикција“. За СМК овие потези на македонската Влада се тешки кривични дела: велепредавство, геноцид врз македонскиот народ, злосторство против човештвото, повреда на угледот на државата Македонија, излагање на подбив на македонскиот народ, и загрозување на независноста доведувајќи ја државата Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава.

Премиерот Зоран Заев вчера ги прими членовите на македонскиот дел на Интердисциплинарниот комитет за историски, археолошки и образовни прашања формиран од нашата земја и од Република Грција согласно со Договорот од Преспа.

Каско што соопшти владината прес-служба, членовите на Интердисциплинарниот комитет, со кој претседава амбасадорот Виктор Габер, и во кој членуваат д-р Ана Чупеска, професор и политиколог, д-р Људмил Спасов, професор лингвист, проф. Фехари Рамадани, професор и историчар, д-р Далибор Јовановски, професор и историчар, и д-р Никос Чаусидис, професор и археолог, и во отсуство на д-р Кица Колбе, го информираа премиерот Заев за досегашниот напредок на работата на овој Комитет на експерти, а во пресрет на петтата средба со нивните грчки колеги.

„Во размената на мислења на средбата, констатирано е дека е постигнато ниво на конструктивна соработка во Комитетот во рамки на одредбите на Договорот од Преспа, и дека се утврдени заеднички правци за постигнување решенија за препораките кои овој Комитет треба да ги достави до владите на Република Северна Македонија и Република Грција како добра основа за изнаоѓање конкретни решенија за историските наративи кои ќе ги едуцираат идните генерации во европскиот дух на разбирање и соработка“, стои во соопштението.

Премиерот Заев, се посочува, ги запозна членовите на Комитетот со актуелните активности на Владата за обезбедување севкупни услови за имплементација на Договорот од Преспа и за поддршката на грчката страна за Република Северна Македонија за почетокот на преговорите за членство во ЕУ добиена за време на неодамнешната посета на Атина и од средбите со премиерот Киријакос Мицотакис. 

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе