Пак „бомби“

Нови снимки на Јутјуб, Милошоски барал интервенција од претседателот на Врховниот суд за предмет во кој е вмешан неговиот татко

Од прислушуваниот телефонски разговор, во кој наводно разговараат пратеникот Антонијо Милошоски и поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски, може да се заклучи дека станува збор за интервенција на пратеникот за предмет во кој бил замешан неговиот татко. На Јутјуб каналот „ГолиТру“ се објавени пет аудио-снимки од наводни разговори на Милошоски со Вангеловски, Николовски и со неговиот татко. Инаку, решението на врховниот судија беше против таткото на Милошоски.

„Сакав да те прашам, за ова што ти споменав за тој предметот на Здружение на возачи-Кичево... Татко ми ми се јави, ми кажа дека добил некоја информација сега од Врховен суд, дека е одлучено, но не баш поволно. И така. Па реков да те прашам, да не имаш некаква информација?“, прашува Милошоски.

„Сега, сега ќе се јавам“, вели Вангеловски.

Од втората снимка може да се претпостави дека Милошоски разговара со судијата Николче Николовски, кој го водел предметот. Милошоски му се претставува на судијата, по што му кажува дека пред некое време „разговарал со Јово за предметот за Здружение на возачи-Кичево“.

Третиот разговор наводно е меѓу Антонијо Милошоски и лице, кое најверојатно е неговиот татко. Тој објаснува што направил претходно, со кого разговарал и за што, како и што може да се направи за случајот.

„Се слушнав со тој, Николче Николовски, некој од Врховен, Јово ми го препорача… Па да видиме утре да проверат, не знам таму како беше, да проверам. Имаше некоја нелогичност во здравственото, во контролата, нешто така… Го гледам нешто вртеше околу“, вели Милошоски.

„Џабе се јавуваше тој Јово од Врховен, ама аирлија, тие само за пари работаат и за ништо друго“, вели Милошоски. Одговорот од другата страна на линијата е: „Па сега, што е тоа е, нема што да правиме“.

Во четвртиот разговор, насловен на Јутјуб каналот како  „4 милошоски судијка траил 0“, се слуша како Милошоски се претставува и кажува дека утре од 10 часот имало закажано, додека женскиот глас, објаснува дека се јавила кај судија и дека ќе го потсети уште еднаш.

Во последниот разговор се слуша како разговараат Милошоски и Вангеловски, за тоа што претходно било разговарано со судијата Николовски.

Милошоски: „Направивме муабет, ама не знам, Николчо... Сега барам една адвокатка од Кичево, што го застапувала тој од спротивнава страна, како да не испаднала работава. Оти Основен пресуди дека човеков е правилно испуштен од работа бидејќи користел лажно лекарско уверение. Апелација потврди дека е правилно решението за испуштање од работа бидејќи е користено лажно лекарско уверение. И сега, Николчо вчера не ми беше јасен или можеби не сакаше да биде јасен… Па не знам имаше таму некоја фалинка, нешто, ај дозволи ми утре да проверам… Мене ми е многу важно, ако овој предмет падне, ќе треба Здружението на возачи од Кичево да му исплати на овој 35 илјади евра и да го врати на работа. Стварно користеше лажно, затоа што јас тогаш Маја Парнаџиева ја замолив да прати инспектор и појде во увидните книги, бил ли кај вас овој пациент или не бил. И човеков си мереше по кафани низ Кичево, мислам мал град е. Така што не знам Николчо што направил, ама ако можеш да интервентираш дополнително“.

Вангелов: „Многу јасно и концизно му кажав на судијата за кого станува збор, да го има во предвид, нели? Затоа ми е малку симптоматично тоа негово објаснување. Во секој случај, ќе ти јавам веднаш после тоа“.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе