Загреб

Нови правила за бегалците, Македонија станува главната раскрсница на нивниот пат за Европа

Хрватска ќе го затвори кампот за бегалците во Славонски брод, па мигрантите сега нема да можат воопшто да се задржуваат на хрватска територија, најави утрово хрватскиот министер за внатрешни работи Влахо Орепиќ.

Mинистерот најави нов режим за бегалците и затворање на камповите и во Србија и во Словенија.

„Возот со бегалците ќе запира само за промена на локомотивите и на полицајците од обезбедувањето во возот. Исто така, ако некој од бегалците има потреба од лекарска помош, таа ќе му биде дадена“, вели Орепиќ.

Запрашан што ако некој од бегалците во Македонија каже дека сака да остане во Хрватска да бара азил, министерот рече дека во тој случај тоа лице ќе биде прифатено во Хравтска.

Ваквиот начин на превоз бил договорен заедно со владите на Србија, на Македонија, Словенија и Австрија.

Ова значи дека возот со бегалците од македонска граница без запирање ќе оди директно до Австрија, а целата процедура на селекција, контрола, регистрација, издавање на унифицирани регистрациски документи... ќе се врши на македонскиот дел од границата со Грција. Во Македонија за ова веќе се испраќаат полициски службеници од други земји членки на ЕУ. Полицајци од Хрватска, Чешка, Словачка, Унгарија, Србија и Австрија веќе се распоредени на македонско-грчката граница.

Ова всушност значи префрлање на одговорноста и исполнувањето на европските стандарди од Грција, земја членка на ЕУ, во Македонија, земја кандидат за членство во ЕУ. Со ваквиот развој на настаните, Македонија станува главната раскрсница во контролата и селекцијата на бегалците и мигрантите на патот кон Европа откако Брисел виде дека Грција не е во можност да ги исполнува задачите на Унијата.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе