По снимките за Мицкоски

Нови наводни снимки на Заев на која тој вели: „Мамето ќе му го е... на Орце Камчев!“

После вчерашните снимки од разговори на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска порталот Инфомакс објави аудио материјали на  Јутјуб каналот Бошко Буха од неколку разговори наводно на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

На првата аудио снимка се слуша како соговорникот дели мислење дека СДСМ ќе изгуби на изборите. Се претпоставува дека разговорите биле водени во декември 2016 година. На втората снимка, пак, се слуша како лицето за кое порталот вели дека е Зоран Заев признава дека прислушуваните аудио-материјали не биле безбедни. Соговорникот тука го прашува зошто не му верувал нему и зошто разговорите му ги дал на Чауш, а овој одговара дека така требало да биде, бидејќи материјалот бил на албански јазик и требало да се преведува со цел да може да се удри и по Али Ахмети.

Разговорите се водат во угостителски објект со анонимен соговорник со наводно лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Инфомакс информира дека снимките ги добиле од свиркач.

Од снимките се слуша дека соговорникот вели дека СДСМ ќе изгуби на изборите затоа што народот не ги сака. На ова, лицето за кое се вели дека е Зоран Заев му возвраќа дека размислува како „задоен вмровец“ и му вели: „Ќе видиш што ќе се случи. Граѓанските организации, тоа што е финансирано од Сорос, Студентскиот парламент, сите се мои“.

Во последната снимка, пак, човекот за кој се вели дека е Зоран Заев се заканува дека на бизнисменот Орце Камчев ќе му го „е… мамето мамино“.

Инфомакс информира дека од свиркачот добил повеќе материјали и дека наскоро ќе објават и други снимки.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе