По пресудата

Нови „бомби“ за „Рекет“, се споменуваат суми од 6 милиони евра, Русковска вели дека снимката била пуштена на судењето

На платформата Јутјуб вчера се објавија две аудио снимки поврзани со случајот „Рекет“ на кои наводно се слуша гласот на адвокатот Васко Димишков, брат на судијката Весна Димишкова. На едно од рочиштата за „Рекет“ и Димишкова беше повикана да даде исказ.

Снимките се поставени од анонимен профил со називот „Али Баба Тредичи“. По објавувањето на  аудио снимките  обвинителката Вилма Рускоска за ТВ 24 изјави дека знаела  за снимките.

„Нелегално снимените разговори за „Рекет“ Обвинителството ги имало и ги пуштило во судница на рочиште затворено за јавноста. Станува збор за исечоци од материјал во траење од  57 минути“, изјави Русковска.

На снимкте, наводно се слуша гласот на адвокатот Васил Димишков како бара 6 милиони евра за бизнисмен да биде пуштен на слобода. Тука се зборува за рекет на двајца осомничени во случајот „Империја“.

Пресудата за предметот „Рекет“ беше изречена завчера. Судот на првообвинетиот во случајот, Бојан Јовановски – Боки 13, му изрече казна затвор од девет години, а на второобвинетата Катица Јанева затворска казна од седум години. Судот Јовановски го прогласи за виновен за сторени кривични дела – „примање награда за противзаконити влијание“ и за „перење пари“, а Јанева за „злоупотреба на службена положба и овластувања.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе